Полициски службеници во петокот околу 17 часот влегоа во домот на 25-годишен скопјанец со наредба за претрес. Момчето кај кое извршуваа службени дејствија живее во Карпош и како што дознава порталот МКД.мк, им е колега вработен во МВР, односно е полицаец од полициската станица во Ѓорче Петров. При претресот најдена и одземена е марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.