Синоќа во периодот од 12 по полноќ до 4 часот утрото, полицијата во координација со Управата за јавни приходи спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти на територијата на целата држава, како и контроли на лица и патнички возила.

При контролата, пред објект во Гевгелија кај Д.С. од Гевгелија била пронајдена марихуана, додека во угостителски објект во Скопје кај А.З. од Скопје бил пронајден кокаин.

Лицата се приведени, соопшти МВР.

Санкционирани се и пет лица поради непоседување на документи за лична идентификација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.