Околу 60 возила на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата.
Поради тоа дел од линиите се во прекин, а граѓаните кои го користат скопскиот јавен превоз се затекнати од сето тоа, објави ТВ21.
Од МВР велат дека се работи за акциска контрола која Министерството редовно ја спроведува за возилата кои вршат превоз на патници, со цел да се утврди нивната исправност, но нема детали за тоа колку автобуси се испратени на принуден технички преглед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.