Адвокатот на Пале Илоска, која денеска беше ослободена од обвинението за убиство на нејзиниот партнер, полицаецот Александар Ристовски, вели дека 23-годишната велешанка сега се плаши за својот живот окткако колега на убиениот ѝ се заканувал. Исто така, додека таа ја издржуваше казната домашен притвор, нејзината куќа беше ограбена.
Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот, посочи адвокатот Димитар Петрулев.
Петрулев изјави дека е задоволен од пресудата и дека врз основа на доказите, одлуката е соодветна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.