По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против две лица од кои едното лице е Нефи Усеини за кривично дело – Бесправно градење.
Осомничените, како соизвршители, на 27.07.2023 година почнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган.
На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.
Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.