МВР поднесе кривична пријава по брза постапка против Стефан Димковски од Струмица кој со свој автомобил го пренесе првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо од Белград до Баликесир во Турција.
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик. Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 1 до 3.12.2023 му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела – грабнување по член 141 и убиство по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило марка ленд ровер, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Македонија“, се вели во соопштението на МВР.
Инаку, Стефан Димковски е во рацете на органите на прогонот, за него обвинителството отвори истрага и побара притвор. За адвокатот Васко Стојков, кој како пријател на Палевски, го превезол до Белград, засега не се преземени мерки, освен што беше на распит во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.