ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Д.(41) и А..Д.(48) двајцата од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тие, на катастарска парцела во Струга, без одобрение од надлежен државен орган, почнале изградба на станбен објект за домување, а по извршен инспекциски надзор, било донесено решение за прекин на градбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.