Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба.
Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.