Вчера почина 46-годишната жена од Неготино, откако беше претепана од страна на нејзиниот партнер П.Н. (51) на втори август, пренесува Фокус.

Жената од Неготино починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Откако беше брутално претепана од сопругот со боксови по глава, падна во кома, а во текот на вчерашниот ден починала.

Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, д-р Маја Мојсова, изјави дека жената била донесена со многу тешки повреди на мозокот и черепот.

Жртвата беше мајка на две полнолетни деца. Македонската јавност се уште е запрепастена од овој настан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.