Во понеделникот, во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште.

Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите. На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.