На 20.11.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство.

Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија. Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.