Во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на државава се казнети 474 возачи на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Како што информираат од МВР, 13 возилa се движелe со над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.