Едно лице е итно префрлено во Ургентниот центар откако било удрено од автомобил.

Од МВР за „Република“ ја потврдуваат сообраќајната несреќа којашто се случила на улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода, во близина на последната станица на автобуската линија број 24.

Во инцидентот учествувало возило марка „Пежо 407“ кое удрило во пешакот.

Засега не е познат степенот на повреди на прегазеното лице.

На лице место е извршен увид од увидна екипа, а од полицијата најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.