Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи. Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје, и кај селата Кошино и Костинци.

Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна Ѓоновица во Општина Гостивар. ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.