Претседателот Стево Пендаровски беше во тетовската населбата Колтук каде што разговораше со Мартин Милетиќ, 25-годишникот кој успеа да спаси од пожар свој 50-годишен сосед.

Пожарот се случи на 28 јануари, а при тоа 50-годишниот жител на Тетово доби изгореници.

Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит – порача претседателот Стево Пендаровски.

Младиот Мартин во петокот околу 19 часот во моментот кога видел дека огнот се разгорува, а неговиот сосед е се уште во куќата, тргнал да го спасува. Иако мајка му го одвраќала од намерата, тој продолжил порачувајќи дека или двајцата ќе излезат или никој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.