Ристе Самарџиев, началник во СВР Велес, на денешното рочиште сведочеше за грабнувањето и за убиството на Панче Жежовски.
Потрагата по фризерот траела десетина дена, а биле прегледани и камерите од бензиските станици. На една од нив бил забележан Жежовски со уште едно лице.
Случајот почнал да се разјаснува кога во околината на Скопје бил пронајден опожарениот „цитроен“ на Жежовски.
Клучната информација за Жежовски ја открил обвинетиот Велибор Маневски откако бил уапсен, за што велешката полиција добиле наредба од колегите од Скопје.
Токму Маневски ги однел до местото каде што е закопан Жежовски.
Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски, објасни началникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.