Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, на 19 октомври го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин.

фото: МВР

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.