Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(25) од истото село.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, информираат од полицијата.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната..

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.