Полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, денеска извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид.

Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ. Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти денеска МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.