Докторка е повредена откако била нападната на работното место, дознава „Република“. Инцидентот се случил вчера во Поликлиниката во Шуто Оризари, а полицијата веќе работи на расчистување на случајот.
Во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, С.Л. (60) од Скопје, која вила вработена во установата, била физички нападната од едно лице кое било пациент, велат од СВР Скопје за „Република“ и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.