На граничниот премин Табановце откриени се пет фалсификувани ПЦР тестови и три возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.
Како што информира МВР, фалсификуваните тестови и возилата се откриени на 11 и 12 февруари 2022 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север.
При пасошка контрола на 12 февруари 2022 година било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, Кумановско, Д.Г.(56) од Кочани и М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 11 и 12 февруари 2022 година, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши“, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.