Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие. Активен е се уште пожарот во реонот кај кичевското село Цер, кој повеже денови е со различен интензитет.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека за денеска е планирано јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР.
Во текот на вчерашниот ден, Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во седум до осум наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира, се наведува во соопштението од ЦУК.
Првичната информација за пожарот е добиена на 17 јуни на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 дека гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, Териоријалната противпожарна единица Кичево, јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“,Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.