Јордан Камчев доцна попладнево го напуштил затворот во Шутка каде што беше во притвор речиси една година осомничен во случајот„Плацеви на Водно“, каде првоосомничен избеганиот екс премиер Никола Груевски и Сашо Мијалков, кој деновиве исто така е пуштен од притвор.

Скопска апелација вчера ја прифати понудената гаранцијата од речиси 11 милиони евра со што му овозможи на Орце Камчев да се брани од слобода.

Новогодишните празници Камчев ги помина во неговата болница Систина каде беше хоспитализиран со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил во добра здравствена состојба,

ТВ Клан вечерва објави дека Камчев од затворската ќелија во истражниот затвор ги собрал сите свои работи и си заминал дома



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.