Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Убиство, информираат од Основниот Кривичен суд.
Оттаму ги демантираат наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот.
Со оглед да се работи за истражна постапка за сите останати детали надлежно е јавното обвинителство, а како суд сакаме да ги демантираме наводите во одредени портали дека информацијата за поврзаноста на кривичното дело со конкретен настан, е прибавена од судот, велат оттаму.
Според дел од медиумите, притвореното лице е осомничено за настанот од 6 март годинава, кога пет вооружени лица, маскирани со фантомки влегоа во „Шиша бар“ и убија две лица.
Од Јавното Обвинителство велат дека поради компромитација на истрагата не се во можност да споделуваат никакви детали.
Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали, велат од ЈО за МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.