Полициски службеници од струмичкиот Сектор за внатрешни работи вчера го привеле A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.