За тројца од петтемина приведени во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје во понеделникот, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.

„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката“, додаваат од Јавното обвинителството, истакнувајќи дека во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.

Оттаму апелираат дека сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера рече дека пет лица се приведени и обезбедно е едно возило во петокот вечерта доцна поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации – изјави Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.