Охриѓанецот Илија Џепароски паднал во необезбедена шахта и се здобил со тешка повреда, по што поднел тужба против ЈП „Нискоградба“, по што, сега мора да плати отштета од 200.000 денари зашто не гледал каде се движи.
Џепароски вели дека случајот го изгубил и во Апелација, а наплатата е дадена на извршител.
Пред една година, на улицата „Јане Сандански“ паднав во отворена шахта и се здобив со повреди. Шест месеци поминав по болници и случајот го дадов на суд. Од ЈП „Нискоградба“ се обидоа да се договориме, но јас не прифатив. Јас ги тужам за паѓање во отворена шахта и го губам спорот. Сега јас треба да им платам отштета. Шахтата беше отворена, а на истото место претходно падна и повозрасна жена. Пресудата беше „требало да гледам каде одам“. Се жалев и до Апелација, но го загубив случајот, вели Илија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.