На 02.11.2024 година во 09.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистарлниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „Опел корса” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од село Велмеј, општина Дебрца, откако претекнувал две возила, изгубил контрола над „Опел корсата” и излетал од патот.

Во несреќата Г.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. За настанот бил известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.