Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него. Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството.

Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шуто Оризари, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на ќерка си.

Судија на претходна постапка пред неколку дена, на барање на Обвинителството, му го продолжи притворот за 30 дена.

На другите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски, исто така им беше продолжен притворот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.