Три оддлени случаи на заскитано зрно од огнено оружје се пријавени во полиција во текот на вчерашниот ден при што се оштететни две возила, а едно завршило на тераса од семејна куќа.

Како што соопшти МВР, вчера во 13:25 часот во СВР Скопје, М.А.(36) од Скопје пријавил дека на паркинг на ул.„Цветан Димов“ од заскитан куршум било оштетено неговото патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Вториот случај е пријавен во 20:24 часот во Полициското одделение Групчин при што било посочено дека од заскитан куршум во село Желино било оштетено патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Б.Б.(45) од село Сараќино, Тетовско. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Во СВР Тетово, пак, вчера, во 16:30 часот тетовецот С.С.(70) пријавил дека на тераса од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.

По документирање на трите случаи ќе следат соодветни поднесоци, наведуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.