Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума.
Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.
Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, соопштуваат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.