Т.З.(44) од Штип вчера во 13:15 часот бил повикан во СВР Штип, бидејќи по преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека извршил кривично дело „тешка каржба“.

Во периодот од 10 до 12 октомври годинава тој со употреба на сила и алат под мост на река Брегалница на улицата „Борис Кидрич“ во Штип одзел 130 метри бакарен кабел, сопственост на телекомуникациска компанија – информираат од МВР.

При извршен службен разговор во полициска станица Т.З. го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.