Полициски службеници од СВР Велес вчера во периодот од 12:10 до 17:50 часот, на улиците „Христо Тататрчев“ и „11 Октомври“, ги лишиле од слобода Т.Б.(36), Б.П.(36) и Т.Џ.(36) од Велес.

Во домовите на Т.Б. и Б.П., биле извршени претреси со судска наредба. Притоа, во домот на Т.Б. биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага, а во домот на Б.П. била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Додека, при преглед кај Т.Џ. било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана – информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.