Од водите на Охридското Езеро e извлечено безживотно тело на постара жена.

Првично не се знае дали жената се лизнала на карпата помеѓу Канео и Лабино или пак станува збор за самоубиство.

Случајот во СВР Охрид го пријавиле граѓани.

Како што објави „Охрид1“, случаен минувач го има и снимено немилиот настан со својот мобилен телефон, а снимката е предадена во СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.