Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело малтретирање во вршење на службата.
Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца. Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица, велат од ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.