И вчерашниот ден не помина без сообраќајни несреќи во кои учествувал мотор.

Така, во 17.22 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат од село Тработивиште кон село Разловци, А.С.(45) од с.Тработивиште, делчевско, управувајќи мотоцикл со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон ул.„50“ во с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“, управувано од А.Л.(56) и мопед „пијаџо“, управуван од М.Н.(18), двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вечерта, пак,  во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.