Родители нападнале соученик и наставничката на нивниот син.

Инцидентот бил пријавен вчера во СВР Битола.

Р.М. на возраст од 48 години од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од родители на негов соученик.

Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од истите родители.

Од битолската полиција преземаат мерки за расчистување на настанот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.