Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Радовиш на дваесеттиот километар. Според првичните информации несреќата е со жртва.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА ја потврди информацијата и вели дека станува збор за возач на едно од возилата, кои учествувале во несреќата.

Според информациите од терен, дошло до судир меѓу возило со радовишки регистарски таблички и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Во несреќата најверојатно има и повредени лица. Во тек е увидот, а несреќата во Полициската станица Штип е пријавена во 14:39 часот.

Експресниот пат Штип-Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат. Повеќе информации се очекуваат за неколку часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.