Решението на Апелација открива дека обвинителството може да ја прошири истрагата за екс генералниот секретар во владата Мухамед Зекири, кој останува во куќен притвор уште триесет дена, објави Телма.

Тоа се навестува во делот од решението со кој се цитира образложението на  обвинителството за организиран криминал кое барало продолжување на притворот поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Во предлогот се наведува дека во досегашната фаза на истражната постапка од страна на обвинителството се преземени и други истражни дејствија, при што при обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. сторил уште едно кривчно дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, поради што ќе биде потребно истрагата да се прошири и за тој кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомниченот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, се наведува во одлуката на Апелацискиот суд кој го цитира барањето



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.