Вчера околу 18:00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Р. С. (46) од Охрид Ј. Т. (40) и Г. Ш. (39), двајцата од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.С., а сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш., полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети.

Денеска врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Р. С. (46) од Охрид, при што биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.