Приведен е скопјанецот Ќ.Д, кој бил баран со потерница, за издржување казна затвор од една година во скопскиот затвор.

Вчера, околу 23:00 часот, на булевар „Македонско – косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, во координација со полициски службеници од полициското одделение Шуто Оризари го привеле скопјанецот Ќ.Д.(36), информираат од полицијата.

Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.