Во текот на изминатата вечер, во периодот од 23:30 до 04:00 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.
При контролата, како што информираат денеска од МВР, приведени се четири лица од кои три поради нарушување на јавниот ред и мир, а едно лице П.Ѓ (20) од Скопје поради тоа што кај него, во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје, бил пронајден кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.