Полицијата рано изутрината во 1 часот го лиши од слобода К.В.(27) од Тетово.

Како што информира МВР, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В. во мотел во Тетово.

Тој се сомничи дека на неколку часа претходно, 18 февруари 2022 година околу 21 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.