Професорката од Факултетот за безбедност Светлана Николоска во „Клик Плус“ се произнесе за случајот со убиството на Вања и на Панче.

Николоска кажа дека не верувала дека татко може да го издаде своето дете, меѓутоа се сомневала кога ги видела кренатите палци на таткото.

Човек кога е во долг и кога има притисок, не знае како да реагира, но верувам дека никој не може да го издаде своето дете за некој да го убие. Можеби си помислил дека нема да се случи ништо, туку дека само малку ќе ја подуплашат мајката и ќе ги даде парите. Таткото имал претходни релации со главниот осомничен, и во неговата глава е да го заштити своето дете, а не да го даде. Но, она што го видов, таткото лајкува кон новинарите, и тоа ме враќа да се посомневам на неговата психичка состојба. Дали е можно таткото да го жртвува своето дете, дали може да дозволи неговото дете да биде киднапирано се со цел да ги елиминира долговите – рече Николоска, која подоцна во емисијата кажа дека таткото на Вања делува на лабилна личност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.