Вчеравечер во 23 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.