Синоќа во 1 часот по полноќ на местото Двата пата кај Струмица изгорел автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата од пожарникарите, во гаснењето на автомобилот учествувале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше запрено неговото натамошно ширење, соопштија од ТППЕ Струмица.

ОД СВР Струмица го потврдија настанот и повеќе детали најавуваат за подоцна, откако ќе заврши увидот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.