Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“ вели нејзината мајка, објави „Скопје1“.

МВР трет ден трага по 14-годишното девојче кое тргнало на училиште, но оттогаш му се губи секоја трага.

За шпекулацијата во јавност, дека девојчето се качило во некаков автомобил, а за што, објавувачот тврдеше во коментари на социјалните мрежи, мајката за „Скопје1“ таа вели: „Не, не, не. Тоа беше прегледано. Тоа е муабет рекла-казала, начул, сакал да помогне, да пише.. Значи таа информација е шпекулација, односно пред се рекла-казала“.

Мајката на исчезнатата Вања, посочува дека полицијата неуморно работи за пронаоѓање на нејзината ќерка. Смета дека на истрагата нема да влијае ниту Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.