Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и предупредување до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје да бидат докрај внимателни кога стапуваат во телефонски или непосредни контакти со непознати лица, за деловни или други цели.

СВР Тетово посебно укажува да се избегнуваат е-контактите и нарачките на угостителски или трговски услуги, кои во најголем број се лажни и завршуваат со измама, а која претставува кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Во изминатите два и пол месеци годинава на ова подрачје вкупно пријавени се 11 измами (ТЕ-9 и ГВ-2), кои претежно се целосно расветлени, а сторителите се откриени, односно идентификувани и кои се и ќе бидат заокружени со соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.