Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрира вкупно 247 прекршоци на територија на град Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи од санкциите 59 се однесуваат на недавање првенство на минување на пешаци и 17 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 64 мерки за непочитување на брзината на движење.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.