Велешата полиција го пронајде возилото „Мерцедес“ со велешки регистерски таблички, а се уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин на ул „.Борис Трајковски“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во Велес усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43 – годишна мајка Е.И.

Портпарол на СВР Велес, Ристе Самарџиев, појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.

По превземените мерки возилото беше најдено и се превземаат мерки за расчистување на случајот, појаснува Самарџиев.

Како што информира за МИА, д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Поврдеите биле санирани, а утрово била исратена на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.